Фото: Pixabay
Менаџирање на извршувањето на работењето е процес на креирање на работна средина или опкружување во кое ќе им се овозможи на луѓето да ги извршуваат своите задолженија на најдобар можен начин во согласност со нивните можности. Менаџирање на извршувањето на работењето е цел еден работен систем којшто започнува кога работната позиција се дефинира во согласност со потребите на организацијата, а завршува кога вработениот ја напушта компанијата. Целта на ефективното извршување на работата на вработените во една непрофитна организација (НПО) е да се постигнат мисијата и визијата на НПО. Но, речиси ниту една личност успешно не ги извршува своите работни задолженија доколку не може истовремено да ја оствари и личната мисија и визија.
Целта на системот за менаџирање на перформансите од работењето е да обезбеди:
- Извршување на работата од страна на вработените во согласност со целите и со мисијата на компанијата;
- Јасно разбирање од страна на вработените за квалитетот и за квантитетот на работата којашто се очекува од нив;
- Континуирано информирање на вработените, колку се ефективни во извршување на работата во однос на поставените очекувања;
- Рамномерно и праведно наградување и зголемување на платата во зависност од резултатите во извршувањето на работните задолженија;
- Идентификување на можности за развој на вработените;
- Правилно справување со вработените што не ги исполнуваат очекувањата.
Системот за извршување на работењето на вработените треба да ги обезбеди следниве четири бенефиции:
- Јасно разбирање на очекувањата од работата;
- Редовен фидбек за извршувањето на работењето;
- Совети и предлози за подобрување на перформансите;
- Награда за добро извршување на работните задолженија.
Поставувањето на добар систем за менаџирање на перформансите од работењето не се случува преку ноќ или сосема случајно. Потребно е внимателно планирање и дизајн пред тој да почне да се користи за оценување на работењето и перформансите на вработените. Ефективниот Систем за менаџирање на перформансите од работењето обезбедува доволно информации и инструкции за да можат да разберат вработените што точно се очекува од нив. Системот треба да обезбедува доволно флексибилност и простор за адаптација со цел за поттикнување на индивидуалната креативност и силните страни на секој вработен. Истовремено, тој треба да обезбедува доволно контрола за да можат луѓето да разберат кои се целите на компанијата во којашто работат и настојува да ги оствари.
Како што беше претходно споменато, системот за извршување на работењето започнува со дефинирање на работната позиција, а завршува кога вработениот ја напушта компанијата. Помеѓу оваа почетна и крајна активност, ефективниот Систем за извршување на работењето мора да ги вклучува и следниве активности:
Развој на прецизен опис на работни места: Описот на работните места е прв чекор во изборот на вистинската личност за секое работно место и овозможувањето на таа личност да успее во извршувањето на предвидените работни задолженија. Тој обезбедува рамка што ќе им овозможи на апликантите и на новите вработени подобро да ги разберат очекувањата од одредена работна позиција.
Избор на соодветни луѓе во согласност со процесот за селекција: Различни луѓе имаат различни вештини и интереси. Различни работни места бараат задоволување на различни барања. Изборот е процес на спојување на вештините и интересите на одредена личност со барањата на работното место. Остварувањето на вистинскиот „спој” е исклучително важно. Користете процес за селекција што го максимизира инпутот на потенцијалниот соработник и личноста на која таа работна позиција ѝ доставува извештај за работењето.
Договарање на барања и очекувања засновани на стандарди во извршувањето на работењето, резултати и мерки: Првата причина во која вработените понекогаш не успеваат во остварување на очекувањата на компанијата е поради тоа што не знаат што треба точно да работат.
Обезбедување на ефективна ориентација, образование и обука: Пред да може една личност одлично да ја врши својата работа, мора да има информација за правилно извршување на работењето. Ова вклучува: информации поврзани со работата, работната позиција и компанијата; одлично разбирање на начинот на користење и барањата на производите и процесите; и целосно разбирање за потребите и барањата на потрошувачите.
Обезбедување на континуиран фидбек и коучинг: На луѓето им е потребен континуиран и постојан фидбек којшто се однесува на силните и на слабите страни во нивното извршување на работењето. Ефективниот фидбек е поинтензивно насочен кон помагање на луѓето да ги изградат нивните силни страни. Фидбекот е двостран процес кој го поттикнува вработениот да побара помош и совет. Вообичаено, фидбекот е поефективен доколку е претходно побаран. Пожелно е да се креира работна средина во која луѓето ќе се чувствуваат комотно да прашаат „Што мислиш, како ми оди?” Коучингот ги развива луѓето и овозможува тие активно да размислуваат и да донесуваат одлуки кои се соодветни за нивното ниво на овластувања и ингеренции.
Спроведување на квартални дискусии за развој во извршувањето на работењето: Доколку супервизорите им даваат на своите вработени редовен фидбек и коучинг, евалуациите за извршувањето на работните задачи може да се променат од негативни, оценувачки, еднострани презентации во позитивни состаноци за планирање. Квартално одржување на вакви состаноци ќе им овозможи на вработените во секое време да знаат како ги извршуваат своите работни задачи и кои се нивните следни цели и предизвици.
Дизајнирање на ефективен систем за наградување и оддавање на признанија на вработените во согласност со нивниот придонес: Во дел од литературата за мотивирање на вработените, погрешно се потценува моќта на ефективниот систем за наградување на вработените. Често пати парите не се толку важни колку што е пораката за неговата вредност која ја испраќа до вработениот наградата или признанието за остварувањата во работењето.
Обезбедување на можности за унапредување/развој во кариерата за вработените: Супервизорите имаат главна улога во помагањето на вработените за да ги развијат своите потенцијали. Цели за раст, работни задолженија и обврски што носат промени и предизвици и комбинирани обуки, придонесуваат кон развој на поефективен член на работниот тим. Помогнете во креирање на работна средина каде што луѓето се чувствуваат конформно да експериментираат и да прават грешки.
Асистирање во интервјуа при заминување со цел да се разбере зошто вредни вработени ја напуштаат компанијата: Кога вреден вработен ја напушта компанијата, потребно е да разберете зошто тој вработен си заминува. Ваквиот фидбек ќе ѝ помогне на компанијата да ја подобри работната средина за своите вработени. Подобрената работна средина ќе помогне во задржување на вредните и ценетите вработени.