Coty го купува сегментот козметика на P&G за 12,5 милијарди долари

90

parfem

Американската компанија Coty, произведувач на парфеми за Calvin Klein, Chloe, Davidoff, го купува сегментот врзан со парфеми, нега на коса и козметика на гигантот Procter & Gamble (P&G) за 12,5 милијарди долари.

Со ова најголемо спојување во козметичката индустрија во поново време, Coty ќе стане најголем светски произведувач на парфеми, пред францускиот L’Oreal и трет најголем произведувач на козметика, јавува Ројтерс.

Со преземањето, Coty би ги добил лиценците за парфемите на светските модни брендови Gucci, Hugo Boss и Dolce & Gabbana, како и на козметичките брендови Cover Girl и Max Factor.

Продажбата е дел од планот на P&G да се фокусира на помал број брзорастечки брендови.