По купувањето на НКБМ, Apollo заинтересиран и за словенечката подружница на Raiffeisen

32

raiffeisen

Американскиот инвестициски фонд Apollo, кој неодамна стана сопственик на 80% акции од втората најголема словенечка банка Нова кредитна банка Марибор (НКБМ), заинтересиран е и за словенечката подружница на австриската Raiffeisen bank.

Австриската банка претходно најави дека ќе ги продава операциите во Словенија и Полска, а ќе ги намали во Русија, јавува Ројтерс. Според словенечки Финанце, словенечката подружница на Raiffeisen би чинела околу 60 милиони евра.

Apollo минатиот месец стана сопственик на 80% акции на НКБМ, а 20% презеде Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), за 250 милиони евра.