Сиромашните населби во Најроби ќе имаат пристап до чиста и безбедна вода за пиење преку посебен автомат, пишува Business daily Africa.
Овој систем, прв од ваков вид во Кенија, функционира со паметни картички и можност за самопослужување. Овие машини за прочистување на водата им овозможуваат на жителите да добијат чиста вода по ниска цена.
“Ова е најдобриот проект досега. Сега имаме пристап до чиста вода по ниска цена без да се грижиме дека е безбедна за користење“, изјави Марија Вангаре, жителка на сиромашна населба во Најроби.
Овие автомати на вода ќе им стават крај на измамите со продажба на чиста вода, како и спречување на ширењето на болести и зарази предизвикани од користење нечиста вода.