Хрватска: Масло од смил достигнува цена од 1.800 евра

756

smil

Еден килограм масло од растението смил (Helichrysum arenarium) во овој момент достигнува цена до 1.800 евра во Хрватска. До крајот на сезоната се очекува да бидат предадени уште околу 100 тони смил, пишува Вечерњи лист.

“Само еден килограм масло од смил во овој момент чини неверојатни 1.800 евра. Но, купувачите од Германија, Данска и Белгија чекаат на ред. Побарувачката е огромна, најчесто за козметичката и прехранбената индустрија, па дури и за пластичната хирургија. Насекаде се ценат лековитите својства на ова растение“, вели Миливој Мацура, вработен во погон за производство на масло од смил.

Тој смета дека и сите расположливи обработливи површини да се засадат со смил нема да може да ја покријат вкупната побарувачка.

Од околу 100.000 садници, како што вели тој, посадени на три хектари за три години може да се наберат повеќе од 30 тони смил.

Станува збор за растение со жолт цвет што расте на песокливи места и е карактеристично по лековитите својства.