Ford развива “паметни“ фарови што ќе внимаваат на пешаците, велосипедистите…

60

fors sistem

Американскиот производител на автомобили Ford развива систем на фарови со којшто возачот ќе може да открие и препознае дали на патот се движат луѓе и животни, кои ноќе и во услови на намалена видливост потешко може да се забележат, пишува порталот Wired.co.uk.

Штом се забележи пешак, животно или велосипедист покрај патот, фарот автоматски насочува сноп светлина кон него за да може да го осветли и да го направи видлив за возачот. Системот користи инфрацрвена камера за да може во мрак да ги детектира пешаците. Штом се забележи пешак покрај патот, системот го предупредува возачот и активира еден од двата дополнителни фара, коишто се наоѓаат под главната светлосна група и дел од светлината ја насочува кон пешакот.

Оваа технологија е корисна и да ги предупредува возачите на различни пречки коишто може да се најдат на патот.

Оваа технологија е во фаза на прототип, но се очекува да биде имплементирана за да ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.