Мобилен мост се склопува како оригами и помага при природни катастрофи

45

most origami

Без разлика дали се работи за поплава, земјотрес, лизгање на земјиште или некоја друга природна катастрофа, мостовите први потфрлаат, па луѓето остануваат изолирани од остатокот од светот.

Од таа причина, голем број експерти работат на таа проблематика. Тим од научници од Универзитетот Хирошима, предводен од професорот Ичиро Арио разви мобилен мост. Инспирацијата за ваков мост доаѓа од традиционалната јапонска уметност од хартија – оригами, пишува Gizmag.

most origami 1

Кога мостот не е во употреба, тој се склопува како хармоника. Во случај на потреба, мостот се расклопува и премостува две крајбрежја за да обезбеди стабилна платформа за движење на луѓе и возила.

На овој мобилен мост му е потребен помалку од еден час за да се постави и да стане функционален на потребното место. За негово монтирање не се потребни дигалки, ниту темели.

Мостот сè уште е во фаза на прототип, но се очекува наскоро да започне неговото комерцијално производство.

most origami 2