Претседателот на советот на општина Кавадарци вчера соопшти дека првите готови производи, електрични кабли за мерцедес C класа, од германската фабрика на Дрекслмаер во Кавадарци започнаа да се извезуваат. Според него, првиот извоз бил испорачан деновиве.
“Најголемо наше задоволство кое заслужува многу големо внимание оти токму во Кавадарци дојде оваа германска инвестиција при што засега се вработија над 300 работници, а во неколку фази ќе се вработат околу четири илјади работници”, изјави Тренчев.
Тој додаде дека голема заслуга за тоа има менаџерскиот тим на компанијата, затоа што создаде добар тим на работници кои успешно го реализираа првото производство по највисоки стандарди.
“Ова е голем успех за сите нас и посакувам тој извоз постојано да расте. Морам да нагласам дека нашите работници се вредни и со првото производство потврдија дека знаат да произведат квалитет”, наведе Тренчев.
Првите количини готови производи беа извезени од капацитетите на Дрексламер, која мометно работи во погоните на ИГМ Трејд Кавадраци. Во меѓувреме интензивно се гради новиот објект на германскиот инвеститор, на влезот на Кавадарци од кај Росоман.