Бил Гејтс одлучи во потполност да ја искорени детската парализа во светот. Во интервју за The Telegraph, Гејтс откри дека дури 95% од своето богатсво во следните неколку години ќе ги донира во хуманитарни акции. Со тие пари сака да ја искорени детската парализа и да се овозможи пристап до вакцини против оваа тешка болест.
“Сопругата и јас разговаравме за тоа што да правиме со богатството. Среќни сме што имаме толку многу и што можеме да дадеме, на начин на кој ќе има најголемо влијание во светот. Се фокусиравме на најсиромашните, на кои им е потребно вакцинирање. За да престане да се шири болеста треба да се вакцинираат преку 90% од децата, бројот на заболени ќе почне да опаѓа и постепено болеста ќе исчезне. Кога почнавме, имавме 400.000 нови парализирани деца годишно. Сега дојдовме на помалку од 1.000”, вели Гејтс.
Тој додава дека целото работно време ќе и го посвети на својата хуманитарна организација. Се уште работи во Мајкрософт, но не толку активно. Има две кариери и среќен е што и двете се толку успешни.
“Имам храна и облека. Над одредена точка, парите ништо не ми значат во животот. Парите служат како средство во градење на организации кои ќе овозможат ресурсите да стигнат до најсиромашните луѓе во светот. Постои златно правило кое вели дека секој живот исто вреди, а кон луѓето треба да се однесуваме онака како што би сакале тие да се однесуваат кон нас”, заклучува Гејтс во интервјуто.
Богатството на Бил Гејтс се проценува на 65 милијарди долари.