Познатиот словенечки спортски бренд, Елан е продаден на светската финансиска институција Мери Линч и Wiltan Enteprises (во сопственост на фондот VR Capital), пишуваат словенечките медиуми.
Согласно потпишаниот договор, на Мери Линч ѝ припаѓаат 4,9% од акциите, додека Wiltan Enteprises е сопственик на 95,1% од капиталот на Елан.
“Словенечкиот државен холдинг (СДХ) со продажбата на инвестициите во Елан настојуваше да ги реши проблемите што настанаа по одлуката на Европската комисија за државна помош од 2008 година“, изјави претседателот на СДХ, Матеј Пирц. Тој додаде дека со оваа продажба е гарантиран опстанокот на компанијата и ќе се зачуваат повеќе работни места.