Нов леб со домати и босилек од Жито Лукс

88

Nov clen vo meditetanskoto semejstvo

Најголемиот производител на леб во земјава, Жито Лукс, ја прошири својата палета на производи со лансирањето во продажба на уште еден леб во медитеранското семејство – Медитерано со домати и босилек.

Мешавината на ладно цедено маслиново масло, домати и босилек внесуваат ароматична нота за секој оброк и претставуваат вистинска летна и лесна закуска.

“Компанијата интензивно работи на развивање на нови вкусови и производи, како од традиционалните така и од специјалните лебови. Медитерано со домати и босилек е четвртиот вид од истоимената фамилија лебови инспирирана од една од најбогатите светски кујни што изобилува со разновидни вкусови и ароми. И овој леб во себе ја има основната состојка на медитеранската кујна, карактеристична за сите лебови од линијата, маслиновото масло кое покрај специфичниот вкус се одликува и со карактеристики корисни за човековото здравје“, изјави Лидија Трајковска, маркетинг менаџер во Жито Лукс.

Медитерано лебот со домати босилек е достапен на парчиња во едноставно и практично пакување, што овозможува продолжена свежина до две недели без додаток на конзерванси, постигното со помош на иновативната технологија на пастеризација на леб. Производот не содржи вештачки и прехранбени бои, а обоеноста е резултат на природните состојки.

Новите лебови произлегуваат од анализата на пазарот и потребата од разновидноста во делот на понуда на леб. Затоа, преку лансирањето на новиот вкус на леб, компанијата Жито Лукс уште повеќе ја зголемува понудата на производи, ги задоволува барањата за нови вкусови на консументите и ги следи новите светските трендови во делот на иновативноста.