Инстаграм фотографиите добиваат 8.500 лајкови во секунда

11

instagramИнстаграм, сервис и апликација за онлајн споделување на фотографии, објави статистики според кои месечно има 90 милиони активни корисници.

Оваа апликација за iOS и за корисниците на андроиди, претставена во октомври 2010 година, дневно од страна на своите корисници има објавено дури 40 милиони фотографии, кои се лајкувани 8.500 пати во секунда, пренесува Форбс.

Корисниците на Инстаграм оставаат преку 1.000 коментари во секунда на фотографија, што покажува и зошто неодамна Фејбук ја купи оваа компанија за една милијарда долари.