Пат до вселената… со лифт?

46

k1

Thoth Technology, компанија од Канада, дизајнираше 20 километри висок лифт чија намена ќе биде да ги носи астронаутите директно во вселената, пишува Индепендент.

Како што се наведува, плановите за изградба на вселенскиот лифт се веќе одобрени од страна на американската канцеларија за патенти.

Огромното здание ќе биде дури 20 пати повисоко од моментално највисоката зграда во светот Burj Khalifa во Дубаи.

khalifa

Од компанијата велат дека градбата ќе овозможи еден нов начин на патување во вселената и ќе придонесе за намалување на потрошувачката на гориво за лансирање на леталата за 30%.

Освен како вселенски лифт, зданието ќе служи и за производство на енергија од ветер, за комуникација и секако, за туризам.

Според главниот проектант Брендон Квин, астронаутите 20 километри ќе патуваат со лифтот, а потоа од врвот директно ќе полетаат во вселената.

k2

k3