Компанијата за недвижнини Christie’s International Real Estate ги претстави своите планови за изградба на првите пловечки острови во светот во Малдивите.
Островите ќе бидат наречени Amillarah Private Islands, а од Christie’s најавуваат дека компанијата планира да гради и продава вакви пловечки објекти низ целиот свет. Нивни следни локации ќе бидат Дубаи и Мајами.
Купувачите ќе можат да го уредат својот остров според нивните желби и потреби. За реализирање на проектот, Christie’s соработува со Jean-Michel Cousteau’s Ocean Futures Society чија одговорност, освен дизајнот е да создаде и ново подводно живеалиште за морската флора и фауна.
Секој од овие острови е еко-френдли и не ја загадува околината.