Сакате екстремни спортови? Еве колку ќе ве чинат

215

Максимална возбуда, адреналинско задоволство и неверојатно искуство е она што екстремните спортови го нудат. Но, тука се и ризиците и секако, цената што не секој може да си ја дозволи.

Еве колку ќе ве чини доколку сакате да се впуштите во една ваква авантура.

jumpan-bungee-jumping-154639Банџи џампинг 150 – 420 долари од скок

Цената зависи од тоа колку е екстремна и далечна локацијата.

Екстремно скијање 800 – 1.200 долари

Ова се однесува на скијање на ектремни планини и неистражени височини, а патот дотаму е со хеликоптер.

Whitewater-Rafting-with-Outdoor-Adventures-Bucky-1920x1080

Рафтинг  200 – 1.400 долари

Станува збор за веслање на малку непредвидливи реки со вртлози и водопади, кое секако не се препорачува без добра безбедносна опрема.

BASE џампинг 2.000 долари

B.A.S.E. е всушност кратенка од местата каде може да се скокне, зграда, антена, распон и карпа. Во некои земји овој спорт е забранет.

image4

Планинарење 600 долари за опрема до 2000 долари за патни трошоци

Опремата за планинарење е навистина скапа, а да не зборуваме за дополнителните патни трошоци доколку сакате да одите на некоја далечна локација.

Небеска акробатика 5.000 опрема 200 – 400 долари од скок

Овој скап спорт за прв пат се појавил во 1919 година.

Ocean_Wingsuit_Formation_(6366966219)

Wingsuit летање 1.500 за опрема, 2.000 – 5.000 долари за падобран

Специјалното одело навистина овозможува да лебдите во воздухот некое време. Потребен ви е и добро опремен падобран за слетување што секако ќе ве чини многу.

Skysurfing (небеско сурфање) повеќе од 6.000 за опрема, 200 – 400 долари од скок

Ова е екстремен спорт, а станува збор за еден вид на сурфање, но во воздух. Се користи мала даска што лесно се вади доколку настане некој проблем.

underwater-cave-with-sand-cloud

Нуркање во подводни пештери 9.000 долари плус патни трошоци

Ова е еден од најопасните екстремни спортови поради опасност од декомпресија што може да доведе до разни болести, па и давење. Потребен е специјален тренинг и голема сума на пари доколку сакате да отидете на некоја егзотична локација.

Планинарење на екстремни висини 100.000 долари

Човечкото тело тешко ги поднесува големите висини над 8.000 метри. Последиците доколку не се внимава можат да бидат и фатални. Специјалната опрема чини 15.000 долари, боцата со кислород 30.000 долари, превоз и опрема 10.000 долари, а услугата водич 30.000-40.000 долари. Со оглед на опасноста и сите услови, ова е најскапиот екстремен спорт.