Турција е шестиот најголем извозник на текстил и конфекција во светот, со околу 4% учество на овие производи на глобално ниво во 2014 година, објави турскиот Институт за статистика.
На врвот на листата е Кина со 41%, по што следуваат Индија со 5,4%, Италија со 5,3% и Германија со 5%.
Учеството на овој сектор во вкупниот извоз на Турција беше 18,7% во 2014 година, во вредност од околу 29,5 милијарди долари, пишува Хуријет.
Водечки извозен сектор на Турција е автомобилскиот сектор.