Босилекот еликсир на животот

46

bosilek

Фото: Pexels

Босилекот е едногодишна зелјеста билка што потекнува од Индија. Човекот ја користи веќе со векови, а прв пат е пронајдена во египетските пирамиди.

На балканските простори е донесен во 12 век, а денес постојат повеќе од 150 различни видови.

Ова растение е одлично за лечење на сите респираторни болести, вирусни, бактериски и габични инфекции на органите за дишење и токму поради тоа е честа состојка на сирупите за кашлица.

Освен што има антибиотски својства, босилекот е богат и со витамин Ц и токму поради тоа ја намалува штетата на белите дробови настаната од пушењето.

Изобилува со антиоксиданси и многу е корисен во борбата против лошиот холестерол. Листовите имаат улога во намалување на стресот, па поради своето седативно дејство не се препорачува на бремените жени во првите три месеци.

Босилекот уништува 99% од бактериите во устата што се одговорни за лошиот здив, забниот камен и кариесот. Тој помага и за намалување на нивото на киселината во урината којашто е главна причина за создавање на камења во бубрезите.

Како зачин дава специфичен вкус на јадењата и го подобрува варењето.