Лекарите советуваат: Одбегнувајте кафе со млеко

242

kafe-mleko

Фото: Pexels

Многумина од нас го сакаат кафето со малку млеко. Тоа и не е толку лошо ако се конзумира во мали количини. Но, постојат и такви кои се зависници од овој вид на кафе.

Сепак, лекарите алармираат дека големите количини на кафе со млеко го зголемуваат ризикот од срцеви болести, па дури и рак.

Сето ова се должи на зголемените маснотии во крвта, што можат да бидат резултат на неправилната исхрана, но и на комбинацијата на кафе и млеко.

Најновите резултати само го потврдуваат тоа дека конзумирањето на храна со заситени масти како колачи, торти, полномасни млечни и одредени месни производи, лошо влијаат на нашето здравје.

Лекарите советуваат дека мажите не треба да конзумираат повеќе од 30 грама заситени маснотии дневно, додека за жените таа граница изнесува 20 грама. Нутриционистите пак, апелираат дека само една шолја кафе со млеко може да содржи дури пет грама такви маснотии.

Високото ниво на заситени масти во исхраната го поттикнува преминувањето на белите крвни зрнца (моноцитите) од крвта во ткивата и органите.

Според стручните лица тој процес може да ги влоши постоечките воспаленија или да создаде нови, а со тоа да го зголеми ризикот од оштетување на ткивата. Воспаленијата се поврзуваат со срцеви и мозочни удари, а најновите истражувања велат дека играат голема улога во настанувањето и ширењето на ракот.