Како правилно да ја одржувате хигиената на забите

57

cetka-pasta-pexels

Фото: Pexels

За правилна хигиена на вашите заби треба да одберете мека четкичка, со што поголем број на влакна, за да не ги иритирате непцата.

Стоматолозите велат дека пастата за заби не е толку важна, како што е темелното четкање на забите што во просек треба да трае три минути. За чистење на просторот помеѓу забите, користете интердентални четки или забен конец.

Разните средства за плакнење на устата не се замена за четкањето, истите можат да се користат по миењето на забите. Четката треба да се менува еднаш месечно и да стои што подалеку од вц – школката.

По секое миење на забите внимателно измијте ја и четката и оставете ја на отворено да се исуши.

По правило, забите треба да се мијат два пати дневно, но никако после појадокот. Најдобро е пред спиење и наутро кога ќе станете за да нема никакви бактерии во устата додека јадете. Ако бактериите имаат своја подлога, кариесот лесно ќе се создаде.