Bentley Motors ја најави својата нова луксузна колекција на модни додатоци, којашто за прв пат ќе биде претставена на 15 септември во Франкфурт, Германија.
Британскиот бренд ќе прикаже повеќе од 300 нови парчиња, а колекцијата е наменета за мажи и жени. Луксузната линија се состои од разни чанти, шалови, марами, канцелариски додатоци што совршено се вклопуваат во деловниот имиџ.
Линијата се состои од неколку различни колекции Business, Style, Home, Heritage, Bespoke, Colour и Bentley.
Асортиманот на кожни додатоци е достапен во Business колекцијата. Во Style се наоѓа Bentley Handbag линијата, односно луксузните чанти.
Home колекцијата се состои од додатоци за домот и канцеларијата, направени од префинети материјали како кашмир и рачно изработени десктоп часовници.
Colour располага со дури 120 нијанси на бои како Neptune, Moroccan Blue, Magenta, Portland и Highland Hare, а истите се искористени за креирање на поло маички, јакни, патнички торби и останати предмети.
Во колекцијата Heritage се наоѓаат функционални и модерни викенд торби и ранци.