Што (не)треба да правите за да го зачувате здравјето

47

trcanje-1

Фото: Pexels

Можеби нема веднаш да ги почувствувате првите симптоми на болеста, но лошите навики кога тогаш ќе си го направат своето. Секогаш е подобро да се спречи отколку да се лечи, затоа преземете ги работите во свои раце и делувајте превентивно.

Дружете се

Истражувањата покажуваат дека луѓето што не се друштвени имаат поголеми шанси да заболат од некоја болест, а со тоа и да го намалат својот животен век. Осаменоста е поврзана со висок крвен притисок, слабеење на имунитетот, депресија, срцеви и мозочни удари, затоа поминувајте што повеќе време со пријателите.

Одбегнувајте долго седење

Иако повеќето од работните места се поврзани со подолго седење, потрудете се тоа да не биде така. Станете од местото и направете неколку чекори низ канцеларијата или уште подобро надвор на воздух, секогаш кога ќе имате шанса. Дијабетесот и срцевите заболувања во голема мера се препишуваат на недоволната активност.

Пешачете

Ако постојано го користите автомобилот, дури и на кратки релации, му правите само лошо на вашето тело. Зголемена телесна тежина, вртоглавици, анксиозност, сето тоа се препишува на недоволно пешачење. Излезете некоја минута порано и пешачете до местото каде што треба да стигнете.

Спијте доволно

Помалку од шест часа сон делува негативно на организмот. Исто така, не е добро и ако спиете повеќе од осум часа. На вашето тело му е потребен квалитетен сон од идеално седум часа, велат лекарите.