TAV добитник на награда за аеродромот во Медина

46

medina aerodrom

Аеродромот Принц Мохамед Бин Абдулазиз во Медина, конструиран од страна на турски TAV Construction, ја доби наградата за “најдобар проект за аеродром“ на Глобалниот самит во Њујорк, пишува Хуријет.

Аеродромот во Медина, во рамки на TAV Construction, е првиот приватизиран аеродром во Саудиска Арабија.

“Ние преземавме проекти, најмногу во Турција и Голфскиот регион, со целосна вредност на договорите од над 17,2 милијарди долари. Нашата компанија се најде на врвот на листа на компании во категоријата за конструирање на аеродроми од страна на магазинот Engineering news record“, изјави Кумхур Каур, генерален менаџер на TAV Construction, одговорен за Саудиска Арабија и Африка.