Како да го подобрите сигналот на вашиот рутер?

84

reset-router-to-fix-problemsЗа да имате што подобар сигнал најважно е рутерот да биде поставен на вистинското место во домот или канцеларијата.

Брановите што ги емитува спаѓаат во спектарот на радио бранови долги околу 12 сантиметри и токму затоа нивната сила опаѓа кога се оддалечувате од рутерот.

Затоа, рутерот треба да се наоѓа што е можно повеќе на средишна позиција во објектот и во што поголема просторија.

99308150

Исто така, рутерот треба да биде оддалечен од ѕидовите што е можно повеќе и подигнат на одредена висина бидејќи тој како и повеќето електронски уреди го емитува сигналот надолу.

Погрижете се рутерот да биде подалеку од останатите електронски уреди во просторијата, како што се телевизорот, мониторот, микробрановата печка и слично.

Ако имате рутер со две антени, поставете ги да бидат насочени во различни правци.

Постои уште еден трик што навистина може да помогне за подобар сигнал.

antena

Земете празна конзерва од некој пијалак, добро измијте ја и исушете ја. Потоа, внимателно со остар нож или друго погодно сечиво исечете го дното на лименката.

Истото направете го и со врвот, но гледајте да оставите 4 – 5 сантиметри од лименката споен дел. Исечете ја и по должина и раширете ја за да добиете облик во форма на буквата U.

Земете малку лепило и ставете го на дното на “засилувачот” а потоа истото ставете го околу антената/те на вашиот рутер. Сигналот ќе стане двојно посилен.