Популарната пејачка Бијонсе пред две години го прослави својот 32-ри роденден на јахта вредна 70 милиони долари, наречена Galactica Star.
Ова луксузно возило достигнува максимална брзина од 30 јазли, а троши 20% помалку гориво во споредба со останатите вакви бродови.
Јахтата е дело на холандската компанија Heesen, а истата располага со многу отворен простор како палуба за сончање, дуплекс клуб што покрива 25% од главната и долната палуба, touch-and-go хелиодром и уште многу удобности.
На неа можат да преноќат 12 гости во прилагодени кабини како и во мастер апартманот со приватен балкон и ВИП апартманот на горната палуба.
Освен тоа, тука е и послугата од 13 членови да се погрижат за секоја желба на гостите. На јахтата има и базен, сауна и џакузи на отворено, а ентериерот е дело на лондонската компанија Bannenberg & Rowell.