Луксузниот бренд Prada ја отвори својата втора слаткарница во италијанскиот град Милано, на познатата улица Via Monte Napoleone, пишува Pursuitist.
Pasticceria Marchesi е поголема од првата слаткарница од овој бренд, што беше изградена во далечната 1824 година.
Просторот наменет за седење се наоѓа во задниот дел, а тука посетителите можат да се опуштат во комфорот и да уживаат во извонредните слатки. Столчињата се од свила во зелена боја, а масите со сјајна мермерна површина.
Подовите се декорирани со камен во нијанса на чоколада, а ѕидовите се изработени од minty мермер.
Слатките деликатеси се сместени во дрвено – стаклени кабинети што ја доближува слаткарницата до светот на модата.
Тука слатките се прават на традиционален начин, рачно со употреба на едноставни и свежи состојки.