Napmobile: Модерна приколка за мобилна продажба на душеци

39

casper

Американската компанија за продажба на душеци – Casper ја создаде Napmobile. Станува збор за модерна приколка која што ќе се движи низ повеќе американски градови и ќе ги нуди душеците на продажба, така што клиентите нема потреба да одат во продавница, пишува Inhabitat.

casper nap

Компанијата започна соработка со IDEO и NASA за дизајнирање на душеци, коишто се направени од посебна пена – Crtu PUR- US. Оваа пена е целосно огноотпорна, а е обложена со посебен материјал изработен од мешавина од полиестер, акрил, најлон и вискоза.

casper napmobile

Жителите на Бостон, Њујорк, Вашингтон, Филаделфија, Нешвил, Аталанти и Мајами можат одблизу да се запознаат со овие иновативни душеци и да легнат малку на нив за да ги пробаат.