Eве зошто не сте лидер

68

lider-1-pixabay

Фото: Pixabay

Колку и да не сакаат да признаат, некои луѓе не умеат, односно не треба да бидат лидери. Желбата да се биде лидер не значи дека личноста го поседува вистинскиот карактер, вештини и храброста што е потребна да се најде на високата позиција. Се прашувате зошто не сте лидер? Еве го одговорот:

Не добивате резултати

Вистинските лидери дејствуваат, ја завршуваат работата и постојано ги надминуваат очекувањата. Без резултати, нема лидерство.

Резултатите ги добивате на погрешен начин

Ако резултатите ги добивате преку измами и матни работи, вие не сте лидер. Целта не ги оправдува причините. Ако ја користите својата позиција, не постапувате со луѓето како што треба, или лидерството го заменувате со манипулација, можеби ќе освоите неколку битки, но ќе ја загубите војната.

Ги ограничувате луѓето

Наместо да им кажувате на луѓето што не знаат да направат, научете ги како истото да го прават. Лидерите ги подучуваат луѓето, им го покажуваат патот и ги ослободуваат од ограничувањата.

Ве интересира само високата позиција, а не високата цел

Ако сопствениот интерес го ставате над се друго, вие не го разбирате концептот на лидерството. Да се биде лидер значи да се грижите за другите и да ги водите кон подобра иднина, дури и по цена вашите потреби да не бидат задоволени понекогаш. Да, моќта доаѓа со лидерството, но вистинските лидери не ја злоупотребуваат.

Не водите грижа

Незаинтересираноста и лидерството не одат заедно. Неможете да бидете лидер ако не се грижите за оние што треба да ги водите.

Ветувате, но не исполнувате

Лидерството не е празни ветувања. Лидерството се гледа во делата. Можеби започнува со визија но, подоцна таа се остварува и го гарантира вашиот успех.

Си препишувате заслуги и кога не треба

Вистинското лидерство не е основано на желбата да се биде во центар на вниманието, туку од можноста и способноста да се поведат другите на вистинскиот пат до успехот. Најдобрите лидери зборуваат во прво лице кога ја прифаќаат вината за неуспехот, а го користат “ние” кога зборуваат за постигнатиот успех.

Наместо да кршите правила, вие слепо ги следите

Статус кво е голем непријател налидерствотоАко не ја разбирате потребата за промена и ако не поседувате можност истата да ја направите, тогаш вие не можете да бидете лидер.

Повеќе се грижите за процесот отколку за луѓето

Запомнете без луѓето вие немате кого да водите и неможете да бидете лидер. Кога работите ги ставате пред луѓето кои ги водите, вие немате право да се нарекувате лидер.