Неговото богатство моментално се проценува на 80 милијарди долари. Тој е посветен сопруг, татко на три деца и најбогатиот човек во светот.
Бизнис магнат, филантроп, инвеститор, иноватор, програмер се зборовите што го опишуваат Бил Гејтс, а еве дел од неговото имотно портфолио.
Xanadu 2.0

Неверојатниот дом на Гејтс во Вашингтон, САД, каде секој уред се управува со помош на гласовна команда или копче. Паметниот дом вреди 120 милиони долари.
Grand Bogue Caye

Во негова сопственост е и најголемиот остров што е составен дел од Белизе, Средна Америка.
Неговата колекција на автомобили вклучува…
Porsche 911 Carrera (1999)

Porsche 959 Coupe (1988)

Porsche 930 Turbo

Дел од колекционерските предмети:
Codex Leicester

Во негова сопственост е и најскапата книга со записи од светот, дело на генијалниот ум Леонардо Да Винчи. Оваа книга чини неверојатни 30,8 милиони долари.
Lost on the Grand Banks

Ремек делото на Винслоу Хомер, масло на платно, вреди 36 милиони долари и е исто така дел од колекцијата на Гејтс.
Polo Crowd

Делото на Џорџ Белоус, чија вредност е 28 милиони долари, го краси домот на најбогатиот човек во светот.
Bill and Melinda Gates foundation

Секако тука спаѓа и фондацијата Bill and Melinda Gates, што е воедно најголема филантропска фондација во светот со фонд што надминува 42 милијарди долари.














