Швајцарскиот луксузен бренд Hublot го прослави својот десетти роденден, па по тој повод претстави нова серија на часовници – Big Bang Unico Haute Joaillerie, пишува jewellerymag.
Покрај софистицираноста, дизајнот и врвната изработка она што ја издвојува оваа колекција од останатите е цената – еден милион долари.
Со оглед на ексклузивитетот, серијата е лимитирана на само десет часовници, што одговара на десетте години постоење на Hublot. Секој од нив е украсен со различни скапоцени камења како бели и црни дијаманти, рубини, сафири и смарагди.
Девет од десетте часовници имаат идентичен распоред, а еден од нив се издвојува и е декориран само со бели камења.
Сите се самонавивачки flyback хронографи и ги имаат истите технички карактеристики, односно Hublot HUB 1242 UNICO механизам. Пречникот на нивниот бројчаник е 42 mm, имаат резервна енергија од 72 часа и водоотпорност на длабочина до 30 метри.