Некогашниот апартман на легендарниот Френк Синатра од неодамна има нов сопственик кој плати неверојатни пет милиони долари за да го поседува овој луксузен пентхаус лоциран во Њујорк.
Апартманот, којшто се простира на три нивоа и зафаќа површна од приближно 300 метри квадратни, неколку години беше на пазарот за недвижнини.
Славниот пејач го купи овој дом во 1962 година, кога истиот беше и комплетиран, а го продаде десет години подоцна. Синатра најголемиот дел од животот го помина на западниот брег на континентот, а во апартманот престојуваше кога беше на посета во Њујорк.