Производителот на бродови со седиште во Џенова, Италија – Tankoa, неодамна ја претстави својата 69 метарска луксузна јахта во соработка со Yacht-Ology агенција за маркетинг и продажба. Возилото е наречено SUERTE Tankoa S693 и е пример за луксузен, функционален дизајн и совршеност во изработката.
Јахтата, со неверојатно тивок мотор, достигнува максимална брзина од 16,5 јазли.
Гостите можат да пристапат до неа преку три различни влезови, покрај базен, преку подигната платформа, додека патниците со ВИП статус можат да влезат преку специјално дизајнирани хидраулични скалила.
На јахтата има клуб кој што е опремен со салон, голем рамен телевизор, бар, туш, мини тоалет, соба за масажа, сауна и амам со директен пристап до морето.
Освен тоа има и удобна бела софа и столчиња каде можат да се сместат 20 луѓе, како и два лифта.
На горната палуба има трпезариска маса за 16 луѓе и балкони покриени со калено стакло. Јахтата вклучува и четири кабини за гости, голем ВИП апартман, сите дизајнирани во зен стил.