Американската компанија Ajar Tech разви машина којашто нечистотијата ја претвора во тули за градење, пишува Inhabitat.
Станува збор за The Liberator, преса којашто им овозможува на луѓето да создадат градежни материјали кога им се потребни. Технологијата што ја користи оваа машина создава огноотпорни тули коишто имаат одлична изолациска моќ и се отпорни на куршуми.
Компанијата Ajar Tech ја постави оваа машина на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, со цел да собере 20.000 долари.