Pico е уред што го поедноставува процесот на производство на пиво и тоа во домашни услови. Притоа, на љубителите на овој пијалок им нудат можност за подготовка на различни видови и вкусови на пиво.
Зад овој уред стои американската компанија PicoBrew, којашто го поедностави процесот на производство на пиво во домашни услови.
Првиот чекор што треба да се направи е да се избере една од понудените мешавини на состојки – PicoPak за да се добие одреден вкус. Со едно пакување од PicoPak може да се добијат околу пет литри пиво.
Потоа, PicoPak се става во уредот, се додава вода и се одбира нивото на горчина и алкохол во пивото. На состојките и водата им е потребно варење од околу два часа, а потоа се додава квасец за да започне процесот на ферментација, којшто трае една недела.
Подготвената смеса се префрла во специјално буре во коешто се одвива процесот на карбонизација (газирање) во текот на ноќта, по што е подготвено да конзумирање.
Овој проект е ставен на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter, каде што се собрани 478.531 долари, иако првично биле побарани 200.000 долари.
Доколку некој сака да го има ово уред во својот дом заедно со едно пакување PicoPak, во претпродажба ќе треба да плати 499 долари.