Архитектите умеат да осмислат генијални и интересни идеи за тоа како би изгледал животниот простор, но некои од нив ги надминуваат сите очекувања, пишува Wall Street Journal.
Моментално во изградба е една вила во Малибу, со еден малку невообичаен детал, винтиџ воен авион сместен над големата дневна соба што ја објаснува високата цена од 60 милиони долари.
Вилата е планирано да се изгради кон средината на 2016 година на место каде до 2007 година се наоѓаше шкотски замок со заоблени порти и кула, којшто изгоре во пожар.
Домот ќе се протега на површина од 1.500 метри квадратни, а ќе вклучува пет спални и низа неверојатни луксузни погодности како поглед на океан.
Скот Глен, архитектот кој стои зад ова дело е познат по користење на винтиџ елементи во своите модерни дизајни, па реставрираниот авион сигурно ќе биде во центарот на вниманието на идните сопственици и гости.
Вилата има и сопствена сала за вежбање, играчница, винарија, соба за уживање во луксузни пури, базен, куќа за гости и друго.