Domino’s DXP – автомобил со вградена рерна за разнесување топли пици

55

domino's avtomobil

Фото: Domino’s DXP

Domino’s DXP е модифициран модел на автомобилот Chevrolet Spark, којшто има специјално вградена рерна и простор за 80 пици, шишиња од два литра за сок и сосови.

Вградената рерна достигнува 140 степени, температура што е доволна за одржување на топлина на пицата. Во внатрешноста на автомобилот, на којшто беше работено цели четири години, има место само за возачот кој ја разнесува пицата до крајните корисници. Покривот на автомобилот е осветлен, што ќе сигнализира дека вкусните пици се движат низ градот.

Ќе се произведат 100 вакви автомобили и до крајот на годината тие ќе функционираат како мобилна реклама во повеќе градови во САД, како што се Бостон, Детроит, Хјустон, Њу Орлеанс, Сан Диего и Сиетл.