Близу кампусот во Купертино, Калифорнија Apple го гради новиот центар или Кампус 2. Здание кое многу потсетува на вселенски брод, а се простира на површина од 260.000 метри квадратни.
Според марктинг директорот на компанијата Фил Шилер, центарот ќе биде најголемиот деловен простор во светот.
Канцелариите на Apple во Купертино во моментов бројат 25.000 вработени, но откако ќе се изгради новиот кампус таа бројка ќе се зголеми на приближно 40.000 вработени. Новиот центар се очекува да биде комплетиран кон крајот на следната година.
Поголемиот дел од паркингот ќе биде подземен, оставајќи простор за многу дрвја околу кампусот како јаболкници, цреши, кајсии, сливи….
Според компанијата, ова ќе биде една од “најзелените” градби во светот што ќе придонесе за почиста околина.
Во продолжение погледнете до каде е изградбата на Кампусот. Видеото е на Данкан Синфилд.