Local Motors компанија со седиште во Аризона, САД, минатата година го претстави својот изум – првиот автомобил во светот испечатен со 3D принтер. Идната пролет тие ќе ги примат првите нарачки, а во 2017 се очекува да бидат дистрибуирани и првите возила, пишува Telegraph.
Автомобилот, чие име е Strati, ќе биде само дел од серијата 3D автомобили наречена LM3D Swim.
Приближно 75% од LM3D Swim е печатен во 3D техника, вклучувајќи ја скоро цела каросерија и шасија. За да го создадат автомобилот, инженерите од Local Motors користеа специјален софтвер од Siemens, додека материјалите за изградба на возилото се од SABIC, производител на термопластични материјали.
Од компанијата се надеваат дека ќе успеат со помош на 3D принтер да изработат околу 90% од автомобилот. Според планот, возилата од LM3D Swim серијата се очекува да се продаваат по основна цена од 53.000 долари.