Улични светилки ќе обезбедат интернет дури и по земјотрес

68

smart pole 2

Лос Анџелес планира да постави нова генерација на високо технолошки улични светилки, коишто ќе им овозможат на граѓаните да бидат поврзани на интернет дури и по одредени природни катастрофи, пишува Inhabitat.

Станува збор за светилките на SmartPole на Philips коишто се опремени со енергетски ефикасни LED сијалици и 4G LTE безжична технологија од Ericsson.

smart pole

Градските власти сакаат да постават околу сто вакви светилки коишто ќе им помогнат и на граѓаните и на компаниите да останат поврзани дури и во густо населените области.

Според предвидувањата на Ericsson, мобилниот сообраќај до 2020 година ќе се зголеми за девет пати, што значајно ќе се зголеми потребата од базни станици.