Мајкл Дел – човек роден за бизнис

275

Не мораш да бидеш гениј или визионер, не мораш да имаш ни диплома за да бидеш успешен. Ти треба само добар план и идеја.

Michael Dell, chairman of Dell Inc., speaks at a news confer

Претприемач, автор, филантроп, основач и главен извршен директор на Dell Inc, се само некои од придавките што му се препишуваат на Мајкл Дел, човек кој освен неколку идеи во главата немаше ништо друго.

Роден е на 23 февруари 1965 година во Хјустон, Тексас. Неговиот татко бил брокер и заболекар, а мајка му работела со финансии и токму тие двајца биле голема инспирација да започне бизнис.

На само 12 години тој тргува со поштенски марки и безбол картички и заработил 2.000 долари.  Неговиот талент и желба за компјутери почнал да се развива на 14-годишна возраст кога го добива својот прв Apple компјутер. Но, наместо да работи на него, тој го расклопил со цел да дознае на кој принцип работи.

MichaelDell1jpgCopy.jpg

За време на средношколските денови, како вработен во Houston Post, учи многу за продажбата, а годишно заработуваше 18.000 долари, што во тоа време беше одлична сума.

Неговите родители имале желба Дел да стане доктор, па така тој се запишува на колеџ и почнува со студии по биологија. Но, само по една година го прекинува студирањето и продолжува да ја следи својата вистинската страст – претприемништвото.

dell-photo

Така, од својата студентска соба во 1984 година, Мајкл Дел ја основа својата прва компанија – PCs Limited со 1.000 долари во џеб. Неговата бизнис идеја беше оригинална – составуваше компјутери според барањата на клиентите и им ги продаваше директно со едногодишна гаранција и по ниска цена.

Тој беше првиот што започна со директна продажба во ИТ индустријата. Купувачите беа воодушевени и побарувачката за компјутери значително се зголеми. За само една година работење, Дел заработи 6 милиони долари од продажба. Уште од самиот старт знаеше дека со добрата техничка услуга и ниската цена ќе може да ја победи конкуренцијата.

За кратко време компанијата беше преименувана во Dell Computer Corporation и имаше ново седиште во Северен Остин, Тексас. Во 1992 година се најде на листата 500 најуспешни компании во списанието Fortune Magazine, а Дел стана најмладиот извршен директор со само 27 години.

shot3-1.1200x0

По четири години Dell започна да продава компјутери онлајн и лансираше сервер. За неколку години двојно го зголеми растот на компанијата и стана најголемиот произведувач на компјутери во светот.

До 2000 година Дел веќе беше милијардер и неговата компанија имаше канцеларии во 34 земји во светот и импресивна бројка на вработени – 35.000. Следната година Dell Computer ги надмина Compaq Computer како најголем производител на компјутери во светот.

Во 2004 година Кевин Б. Ролинс доаѓа на чело на Dell, но по само три години, Мајкл Дел повторно ја презема претседателската функција.

Мајкл Дел ја објави својата прва автобиографија во 1999 година наречена Direct From Dell: Strategies That Revolutionized an Industry (Директно од Дел: Стратегии што направија револуција во индустријата). Во неа бизнис генијот детално го опишува своето детство, грешките што ги направил, како и лекциите што ги научил во текот на работењето.

2013-01-31_Dell_UT_Med_Chelsea_Purgahn1038

Истата година заедно со сопругата Сузан Дел ја основа филантропската фондација Michael and Susan Dell Foundation, која е посветена да им помага на децата ширум светот и до 2010 имаше донирано 530 милиони долари за развој на урбани заедници во САД и Индија.

Дел, исто така, донираше 65 милиони долари за Педијатрискиот Институт за истражување, Центарот Мајкл и Сузан Дел за унапредување на здравото живеење и Детскиот медицински центар. Сите три здравствени установи се поврзани со универзитетот во Тексас каде што студираше.

Dell Computer Corporation сега е само Dell Inc., а освен компјутери нуди телевизори, смартфони, сервери и различни додатоци за компјутери и забава. Компанијата вработува приближно 110.000 вработени, а нејзиното богатство се проценува на повеќе од 60 милијарди долари.