На долгоочекуваната Sotheby’s аукција, што се одржа во Лондон минатата недела, фотелјата Miss Blanche беше во центарот на вниманието. Инспирација за името е Blanche Dubois, главниот лик од филмот A Streetcar Named Desire.
Фотелјата е изработена во 1989 година од страна на јапонскиот дизајнер Широ Курамата, но она што е највпечатливо на неа е цената – 409.000 долари.
Секоја вештачка роза, која што е дел од нејзиниот декор, морала да стои во место подолг временски период за да може смолата од која што е направена фотелјата да се стврдне и исуши. Тоа одземало многу време не сметајќи го истражувањето на овој производен процес и прилагодувањето на потребите на дизајнот.