Овој луксузен чадор е дело на јапонската компанија Visvim и резултат на шест месечно работење со врвни материјали земени од Париз, пишува WSJ.
Компанијата е основана од страна на Хироки Накамуре, а истата е позната по рачно изработени уметнички предмети. Чадорот Atelier е дел од нивната есен/зима колекција и чини 8.000 долари.
Високата цена се должи на материјалите од кои што е изработен чадорот, како козја кожа третирана со рибино масло, додека жиците се изработени од ратан трска декорирана со месинг.
Рачката и главниот дел на чадорот се изработени од бука, додека памучниот материјал што се користи за премачкување е рачно ткаен од генијални мајстори.