Facebook тестира платформа за групно финансирање на непрофитни организации

44

fundraisers-on-desktop-and-mobile-v21

Најпопуларната социјална мрежа во светот, Facebook, започна со тестирање на платформа за групно финансирање на непрофитни организации, пишува Facebook newsroom.

Платформата, којашто се вика Fundraisers, во иднина ќе биде место на коешто хуманитарните организации ќе собираат финансиска поддршка од корисниците на Facebook од целиот свет за остварување на одредена цел.

“Луѓето собираат средства за помош при одредени природни катастрофи, бараат исчезнати деца и го привлекуваат вниманието на одредени проблеми што ги засегаат. Нашата заедница покажа дека кога луѓето преземаат акција, животот им се менува. Ние знаеме дека можеме да направиме нешто повеќе за да ги овозможиме овие врски“, пишува на Facebook newsroom.

Facebook ја тестира оваа нова алатка, а ги подобрува перформансите на опцијата за донирање – Donate, којашто им овозможува на корисниците да донираат средства во хуманитарни цели.

Со повеќе од 150 милиони корисници, Facebook претставува глобална заедница на волонтери, донатори и активисти кои сакаат да го направат светот подобро место за живеење.