Како поранешните вработени го саботираат вашиот бизнис

sabotaza

Фото: Pixabay

Денес кога информацијата толку брзо се шири преку социјалните мрежи и разните блогови, поранешните вработени можат многу лесно да се “одмаздат.”

Ако мислите дека со игнорирање на негативните коментари сè ќе исчезне преку ноќ, се лажете. Лошиот глас брзо патува и само навремена реакција може да ја врати репутацијата.

Негативни анонимни коментари на блогови

Во ера на дигитална комуникација, секој може да постира и да напише сè на виртуелниот простор, па дури и да создаде своја веб страна каде слободно ќе напаѓа некој друг, со или без соодветни аргументи.

Лоши препораки на LinkedIn

Со повеќе од 400 милиони членови, LinkedIn е водечка професионална онлајн мрежа. Со само неколку кликови потенцијалниот вработен може да се поврзе со поранешни вработени од компанијата и да добие негативни коментари за работодавачот.

Злобни коментари на Facebook и Twitter

Налутените поранешни вработени најчесто ги користат овие две социјални мрежи да го искажат своето незадоволство и да се пожалат на најблиските и пријателите. Лошите вести брзо се шират и ваквиот тип на коментари лесно се помнат. Така кандидатот кој се мисли дали да ја прифати работата во вашата компанија може лесно да се предомисли. Сакале или не, првиот впечаток за работодавачот е прилично важен, а вие не би сакале да изгубите одличен талент.

Парите не можат да помогнат

Според едно истражување спроведено од LinkedIn со кое биле опфатени 10.000 испитаници, денес луѓето најмногу ги интересира напредок во кариерата, работно место на кое ќе бидат задоволни и компанија за која што ќе им биде чест да работат. Дури и парите не играат голема улога. Всушност, поголемиот број од нив би прифатиле да работат за иста (дури и помала) плата, само за да побегнат од лошиот работодавач.

Како да се реши

Постои едно правило – биди бренд или ќе ти се препише друго име. Секоја компанија има своја политика за вработените и мора да се грижи да го претстави својот бренд онаков како што е пред сите. Колку сте потранспарентни за вашиот начин на работа и функционирање, толку подобро. Најголемите таленти не очекуваат да бидете совршени. Всушност, тие сакаат да видат дека имате доволно самодоверба да споделите како е да се работи за вашата компанија. За да ја добиете довербата и почитта на кандидатите треба да сте отворени, конкретни и доследни. Само така ќе можете да возвратите на лошите коментари – со факти.