Со цена од 947.705 долари, британскиот бренд 77 Diamonds го креираше најгламурозниот украс за елка, пишува Professionaljeweller.
Станува збор за уникатно парче, чија висока цена се должи на 280 бели дијаманти, кои тежат повеќе од 12 карати.
Ѕвездата е направена од ексклузивно сребро, висока е 20 и широка 13 сантиметри. Неговиот централен дел е од жолто злато што уште повеќе го надополнува овој скап украс.
Сепак, главниот декоративен елемент е редок бел дијамант од пет карати, а истиот може да се извади и да се носи како моден детаљ. Купувачот, исто така, може да го надополни украсот со некој обоен дијамант покрај постоечкиот.