Aedas Architects, една од петте најголеми градежни компании во светот создаде креативна фасада која што самата се отвора и затвора по потреба, пишува Boredpanda.
Фасадата што истовремено ги краси и штити Al Bahar, две прекрасни кули во Абу Даби, потсетува на древните арапски елементи mashrabiya што порано се користеле за заштита од сонце и љубопитни погледи.
Кулите што се всушност деловен простор се “обвиткани” со механизам составен од триаголни панели што го следат сонцето и се затвораат кога ќе биде потребно. Механизмот ја намалува топлината од сончевата светлина во зградата за дури 50%.
Освен што се отвораат и затвораат, елементите се движат и хоризонтално со цел да ги блокираат сончевите зраци. Кулите беа комплетирани во 2012, а високи се 145 метри.