Ќе се гради првиот луксузен подводен хотел

49

planetoceanunderwaterhotel-coralИзвршниот директор на Planet Ocean Underwater Hotel, Тони Веб, две и пол години се обидуваше да добие дозвола за реализација на неговата уникатна идеја. Минатата недела тоа и се случи, Веб го патентираше својот проект – луксузен подводен хотел во форма на капсули.

Хотелот е замислен како подвижен, пловечки објект што ќе може да се поместува доколку има опасност од морски струења, пишува Techinsider.

Секоја капсула ќе биде со димензии 5,4 на 3,6 метри и ќе биде опремена со голем кревет, бања, интернет и големи акрилни прозорци што ќе придонесат за неверојатна глетка на океанот.
mini hotel high-resНема да има потреба од нуркачка опрема за да се дојде до хотелот. Гостите ќе користат подводен лифт кој што ќе ги носи од површината до главното лоби каде ќе биде сместен ресторан, соби за одржување на разни настани и места за набљудување.

Веб и неговиот тим моментално се во потрага по локација за да го тестираат дизајнот. Можни дестинации се Аруба, Антигва, Британските Девствени острови, Куба, Сент Мартин…

Контрукцијата се проценува дека ќе чини 1,7 милиони долари по соба или вкупно 20 милиони долари за 12-те капсули.

Сè уште нема дата кога хотелот официјално ќе биде отворен.