Француската модна куќа Louis Vuitton, позната по своите ексклузивни и скапи производи ја креираше најскапата кожна чанта досега, пишува Pursuitist.
City Streamer чини неверојатни 55.500 долари, изработена е од алигаторска кожа и декорирана со златни металик додатоци. На себе има и плочка со потписот на LV и секако препознатливиот катанец.
На задната страна се наоѓа втиснато LV лого, а нејзината внатрешност е изработена од кравја кожа. Тука е и кожниот ремен долг 65 сантиметри.
Чантата доаѓа во неколку бои и може да се носи како што ви одговара.
Ако сакате да ја купите, ќе мора претходно да ја нарачате во седиштето на брендот, да потврдите дека сте лојален купувач, а од Louis Vuitton ќе се погрижат чантата да ве дочека во бутикот којшто ќе го одберете.