A bike electric – мал електричен велосипед што се расклопува

19

a bike

Тимот на A – bike electric од Велика Британија го дизајнираше најлесниот и најкомпактен електричен велосипед, којшто се трансформира за само неколку секунди.

Неговиот телескопски дизајн значи дека може многу брзо да се расклопи и склопи и да биде подготвен за било какво патување. Овој велосипед има дополнителна поддршка од батеријата од 24 волти, со којашто може да се поминат и до 25 километри.

a bike 1

Оригиналниот концепт на A – bike е на британскиот иноватор Сер Клив Синклер. Тимот на A – bike од него ги презеде издржливоста, едноставниот и лесен телескопски дизајн по што ја вметна батеријата, што многу лесно се полни.

На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, овој велосипед досега собра скоро 53.000 британски фунти од 112 инвеститори.