A.I Gemini – робот што сам црта уметнички дела

68

Уметник од Хонг Конг креираше робот со вештачка интелигенција којшто умее сам да создаде уметнички дела.

На Виктор Вонг му требаа три години да го изгради и програмира роботот наречен A.I Gemini и да го научи на одредени уметнички техники.

Алгоритмот што е вграден во роботот се базира на “случајност“ па Вонг не знае што следно A.I Gemini ќе нацрта, пишува Reuters.

Вештачката интелигенција е опремена со 3D фотографии од Месечината направени од лунарниот ровер на NASA Chang’e-4. Фотографиите се од темната страна на Месечината, а се направени во јануари.

На A.I Gemini му требаат околу 50 часа за да создаде мешавина од пејзажи на традиционална, кинеска свежа хартија направена од кора и слама од ориз. Вонг го дизајнираше роботот да користи древна кинеска техника наречена shuimo, односно цртање со црно мастило и вода.

Фото: 3812gallery