A1 Македонија за новогодишни празници со тебе – Поврзани услуги и заштеда со A1 Combo

7

А1 Македонија ја започнува празничната новогодишна еуфорија и со задоволство ја најавува новата атрактивна промоција со која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2022 година со неограничена комуникација, многу содржини и ТВ уреди по најповолни цени.

Како компанија која нуди конвергентни услуги, А1 Македонија ја збогати својата A1 Combo понуда со која корисниците можат да ги поврзат мобилните и фиксните услуги и да заштедат. Овојпат, корисниците ќе имаат екслузивна можност да ги искористат најголемите попусти годинава, како на A1 Combo тарифните модели, така и на многубројните атрактивни уреди. Притоа, корисниците ќе добијат пристап до најдобрата телевизија на нашиот пазар, А1 Xplore TV, која нуди многубројни функционалности за корисникот, како инсталирана апликација YouTube и YouTube Kids, следење на телевизија на повеќе различни екрани, можност за снимање, пребарување и премотување и сето тоа со одличен квалитет на слика.

“Новогодишните празници се за убави моменти поминати со најблиските, затоа нашата понуда е креирана со цел да им овозможи на корисниците подготвени да ги дочекаат празниците и да ги исполнат со единствени моменти на среќа. Со новата понуда, со која корисниците добиваат заштеда на претплатата, како и попуст за избор на нов уред, верувам дека ќе допринесеме овие празници да бидат посебни. Технологијата може да замени многу нешта, но не може да ги замени луѓето и искуствата кои ги доживуваат додека се заедно со своите најблиски”, изјави Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија.

За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на www.A1.mk.